Како што стојат работите во моментов, Лионел Меси по крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Пари Сен Жермен (ПСЖ).
Договорот на славниот Аргентинец со Парижаните истекува на крајот од сезоната но тие решиле да му понудат нов договор, но условите се такви што тешко дека фудбалерот ќе ги прифати.
Францускиот весник L’Equipe открива дека Меси ќе остане во „Паркот на принцовите“ само доколку се согласи на драстично намалување на платата за неверојатни 75 проценти. Затоа, наместо досегашните 40 милиони евра, би имал годишна плата од 10 милиони евра.
Парите не се проблем за Аргентинецот, но тешко дека светскиот шампион ќе се согласи на такво понижување.
Францускиот весник пишува дека, поради финансискиот фер-плеј, ПСЖ мора под итно да го „крати“ буџетот за плати, па наводно затоа не може да му понуди повеќе на Меси.
Од друга страна, навивачите сметаат дека тој повеќе не го заслужува тоа односно не заслужува голема сума на пари. Тие му се лути на Аргентинецот бидејќи е „невидлив“ на теренот на најважните натпревари. Таму е две години, а тимот го завршува натпреварувањето во Лигата на шампионите на стартот од нокаут фазата. Затоа по елиминацијата од Баерн Минхен, навивачите му упатија „волеј“ со свирежи и навреди и јасно ставија до знаење дека повеќе не го сакаат во клубот.
Тие се бесни затоа што играч кој заработува 40 милиони годишно не покажа ништо во сите четири клучни натпревари во последните две сезони. Против Реал Мадрид минатата година и Баерн Минехн оваа сезона не забележа ниту гол ниту асистенција, а на сите четири натпревари имаше само три удари кон голот.
„Добива премногу во споредба со она што го дава на теренот, особено затоа што повторно отсуствуваше на најважните натпревари во Лигата на шампионите, од кои повторно бевме предвреме елиминирани. Не го сакаме повеќе во клубот“. јасно се изјаснија неодамна навивачите на францускиот клуб.
Неговиот договор истекува на лето и најверојатно тој ќе се врати назад во својата Барселона.