Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека би сакал да види дополнителни законски ограничувања за сексуалната работа во Германија, додавајќи дека продажбата на сексуални услуги е „неприфатлива“ и не треба да биде нешто „нормално“.
„Мислам дека не е прифатливо мажите да купуваат жени“, порача Олаф Шолц во Бундестагот и додаде: „Тоа е нешто што отсекогаш ме мачело морално“.
„Сметам дека треба да го погледнеме законот и да видиме како најдобро да го потиснеме“, додаде германскиот канцелар во текот на тековниот час во кој одговараше на прашања на парламентарците.
Демохристијаните од партиите ЦДУ/ЦСУ, најголемата опозициска пратеничка група во Бундестагот, поднесоа барање за забрана за купување сексуални услуги според т.н. „Нордиски модел“.
Според овој предлог, макроата и муштериите треба да бидат казнети, а борделите да се забранат. Во исто време, проститутките би морале да се заштитат себеси, за да им овозможат полесно да излезат од тоа милје. Демохристијаните повикаа на слични регулативи во Шведска, Норвешка, Исланд, Канада, Франција, Ирска и Израел.
„За жал, Германија се претвори во центар на сексуална експлоатација и злоупотреба“, порача потпретседателката на клубот на пратениците на ЦДУ/ЦСУ, Дороте Бар, одговорна за семејството и културата.
Таа истакна дека 25.000 жени во Германија се занимаваат со проституција и сака да слушне од Олаф Шолц дали ќе го поддржи предлогот на демохристијаните за забрана на продажба на сексуални услуги.