Крај на тешките борби: Договореното примирје започнува утре во 08:30 часот

Конечно, крајот на конфликтот е на повидок.

Прекинот на огнот во Појасот Газа ќе стапи на сила утре во 8:30 часот по локално време (6:30 часот по Гринич), соопшти портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед Ал Ансари.

Ал Ансари на платформата Х напиша дека жителите на Појасот Газа се советуваат да преземат мерки на претпазливост, да бидат крајно претпазливи и да чекаат инструкции од официјални извори.

Според него, Израел и палестинската милитантна група Хамас се договориле за времето на почетокот на примирјето со помош на посредници.

Израелската влада рано утринава го ратификуваше договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по состанокот кој траеше повеќе од шест часа.

Според договорот, на кој жестоко се спротивставуваат некои екстремно десничарски владини министри, шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила утре, кога ќе се одржи првата од серијата размена на заложници што ги одржува Хамас за палестинските затвореници во израелските затвори. објави „Тајмс оф Израел“.

Договорот може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во Појасот Газа.