Холивудската актерка Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенџамин Милепид наводно се разделиле по гласините дека тој имал романтична афера со друга. Извор за магазинот Us Weekly изјавил дека двојката, која има и две деца, се разделила по 11 години брак.
„Откако веста за неговата афера излезе во јавноста, тие се обидоа да поработат на бракот, но сето тоа доведе до раскинување“, тврди инсајдерот. Претставниците на Натали Портман и Бенџамин Милепид не одговориле веднаш на барањето на магазинот Page Six за коментар, но Натали Портман (42 г.) била забележана во Сиднеј минатата недела без нејзиниот сопруг, и покрај нивната годишнина од брак тој викенд.
Исто така, некои тврдат дека познатата актерка не го носи вереничкиот прстен од 4 карати дизајниран од Џејми Волф.
Имено, веста за разводот на познатата актерка и францускиот танчер и кореограф се појави откако почнаа шпекулациите за наводното пријателство на Бенџамин Милепид со активистката за климатски промени Камил Етјен.
Францускиот магазин Voici објави фотографии од средбата на Бенџамин Милепид и Камил Етјен во неговата канцеларија. Биле забележани како влегуваат во зградата одделно, а потоа излегуваат со разлика од 10 минути, речиси два часа подоцна. Придружниот напис тврди дека Натали Портман дознала за наводното неверство на нејзиниот сопруг месеци пред тоа. Тогаш се пишуваше дека Натали Портман и Бенџамин Милепид се обидуваат да го спасат својот брак, но очигледно неуспешно.
„Не раскинаа и се обидуваат да ги решат работите. Бенџамин Милепид прави се што може за да ја натера Натали Портман да му прости. Тој ја сака неа и нивното семејство“, изјавил тогашен инсајдерски извор за Page Six. Изворот додал дека Натали Портман е „многу заштитничка на нејзината приватност“ и дека „во моментов нејзиниот најголем фокус е да ги заштити нејзините деца“, мислејќи на нејзиниот син Алеф (12 г.) и ќерката Амалија (6 г.).
Инаку, Камил Етјен е автор на книгата „За еколошко востание: надминување на нашата колективна немоќ“, а познатата еколошка активистка Грета Тунберг ја смета за една од своите пријатели.
Натали Портман и Бенџамин Милепид се во брак од 2012 година, кога тој ја запроси во Калифорнија.