Крај на љубовта меѓу Ирина Шајк и Том Брејди: „Во неговата иднина ќе има уште супермодели“

На љубовта меѓу Ирина Шајк и Том Брејди и дојде крајот, наводно парот ставил крај на својата кратка романса.

Извор за американските медиуми изјавил дека раскинувањето на славната двојка било мирно, без драми и скандали и дека спортистот и манекенката не се ни виделе во последните недели бидејќи таа е во Њујорк, а тој во Мајами.

“Брејди во моментов не е заинтересиран за сериозна врска. Негов приоритет се децата и работата. Во иднината на Том ќе има уште супермодели”, додал изворот.

Гласините за љубовта на Ирина и Том започнаа кон средината на летото, а не долго потоа парот беше фотографиран како разменува нежности. Поранешниот НФЛ играч и манекенката беа откачени откако го поминаа викендот заедно, а Брејди во еден момент беше фатен како се милува со манекенката додека беа во автомобил.

Сепак, како што пишуваат странските медиуми, на нивната романса и дојде крајот. Многумина веќе го почувствуваа крајот на врската во септември кога Ирина на социјалните мрежи објави фотографија од своето поранешно момче, актерот Бредли Купер.