Бугарскиот тенисер Григор Димитров и убавата романска актерка Маданила Генеа ја прекинаа романтичната врската.
Веќе подолго време се шпекулира за нивно раскинување, но ниту една од страните не сакаше да ја потврди информацијата. Меѓутоа, неодамна Бугаринот ги подгреа сите сомнежи објавувајќи брутална порака на социјалните мрежи, за која многумина веруваат дека е упатена на неговата поранешна љубов.
„Парите не можат да купат лојалност“, гласи пораката на Григор Димитров.
Романските медиуми наведуваат дека причината за нивната разделба е неверство од страна на Григор Димитров, додека постои и уште поскандалозна верзија: наводно Маданила Генеа од Бугаринот побарала половина милион евра за да започне сопствен бизнис.
Неговото отфрлање на оваа понуда воедно значело и крај на љубовта!