КРВАВА ДРАМА ВО БРАТИСЛАВА – Маж пукал од прозорец на зграда: Има мртви и ранети

Во престрелката што се случи рано утринава во словачкиот главен град Братислава, едно лице загина, а четворица се ранети, соопштија локалните власти.

Портпаролот на полицијата за локалната медиумска агенција TASR изјави дека полицијата пристигнала на местото на пукањето откако примила повици од луѓе кои слушнале истрели и експлозија.

Полицијата застрелала едно лице, се наведува во соопштението.

Според локалните медиуми, мажот отворил оган од прозорецот на станбената зграда, а полицијата го убила кога ги нападнал со нож.

Полицијата без да соопшти детали соопшти дека истрагата е во тек.

БратиславаСловачка