Попладнево во Велес се случи трагедија, двојно убиство по кое сторителот си го одзеде животот, дознава неофицијално „Инфомакс“.
Според информации од терен, напаѓачот бил невенчаниот сопруг на една од жртвите. Тој најпрво пукал врз неа и нејзиниот татко, а потоа извршил самоубиство. Според првични, сè уште непотврдени податоци, жената и претходно го пријавувала насилникот во полиција поради закани кон неа и нејзиниот родител, а во минатото имало и инцидент кога било запалено нејзиното возило.
Од СВР Велес најавија дека официјалните детали за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.