Во престрелка што се случила за време на свадбена веселба во североисточна Франција, едно лице загина, а пет лица се ранети кога неколку маскирани напаѓачи отвориле оган врз луѓето кои биле на свадбената веселба.
РФИ јавува, повикувајќи се на полициски извори, дека се верува дека овој напад, кој се случил во градот Тијонвиј, е поврзан со судири на дилери на дрога.
Се наведува дека престрелката се случила синоќа во сала за славење каде имало стотина луѓе.
Меѓу ранетите има две лица кои се тешко повредени, а едно од нив е во критична состојба.
Се наведува дека сторителите, кои таму пристигнале околу 1 часот и 15 минути со џип, најверојатно марка БМВ, почнале да пукаат во луѓето кои излегле од салата да испушат цигари, а потоа влегле внатре.
Тие побегнале од местото на нападот, а полицијата се обидува да утврди од каде дошле, бидејќи Тјонвиј се наоѓа во близина на границата со Луксембург и Германија.
– Цел на нападот не била самата свадба, туку луѓето кои биле на свадбата – рекол полициски извор.