Најмалку 16 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во руски напад во источна Украина, изјави Володимир Зеленски.
Претседателот Зеленски изјави дека уште најмалку 20 лица се ранети во нападот на градот Костјантиновка во Донецк.
Во нападот беа погодени пазар, продавници и аптека.
Според локалните медиуми, станува збор за ракетен напад, а погодени се пазарот, продавниците и аптеката во тој град, кој се наоѓа во близина на линијата на фронтот.
– Ова руско зло мора што поскоро да се победи – заклучи Зеленски.
Нападот се случи за време на ненајавената посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Киев.
Зеленски додаде дека се убиени „луѓе кои не направиле ништо лошо“ и предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми.