На 30 ноември минатата година Лука Бојовиќ беше депортиран од Шпанија во Србија, а во текот на десетте години поминати во затвор, многу работи се променија во неговата средина. Многумина кои му останаа лојални со глава ја платија својата лојалност.
Можеби најживописната фотографија од погребот на неговиот брат Никола Бојовиќ, убиен пред 10 години во Белград, кружи во медиумите под наслов „Црната судбина на ковчегот“. Имено, двајца од тројцата се ликвидирани, Драгослав Милорадовиќ и Раде Ракоњац, додека третиот, познатиот Филип Кориќ со години живее во тајност.
Повеќето пријатели и соработници на Лука Бојовиќ загинаа во војната меѓу „Шкаљарците“ и „Кавчанците“, но и во пресметката меѓу Бојовиќ и Шарановиќ, две скарани семејства во чиј центар е вистинската крвна одмазда.
Никола Бојовиќ (2013)
Самиот брат на Лука, Никола Бојовиќ, е убиен на 29 април 2013 година во Белград, иако бил предупреден да биде внимателен и да се држи подалеку од секојдневните навики. Злосторството го снимиле безбедносните камери на блиската копирница, а во снимката се гледаат двајцата сторители.
Во 2020 година, Апелациониот суд во Белград го осуди Милош Делибашиќ на 30 години затвор како организатор на криминалната група чии членови ги убија Никола Бојовиќ и Милош Видаковиќ, додека другите членови на групата добија затвор од 17 до 35 години.
Раде Ракоњац (2014)
Раде Ракоњац е убиен во 2014 година, сред бел ден, со пет истрели од автоматска пушка во кафулето „Марики“ во Белград. Во престрелката се ранети Стојан Новаковиќ и Горан Ристановиќ, исто така пријатели на Аркан.
Ова до денес неразјаснето убиство се припишува на пресметката на Бојовиќ и браќата Шарановиќ, односно на крвната одмазда што со години се води меѓу овие две семејства.
Драгослав Милорадовиќ (2018)
Лука Бојовиќ во 2018 година го загуби соработникот и кум Драгослав Милорадовиќ (44), кој беше убиен во дворот на автоперална во Карабурма. Драгослав на времето заеднички водел кафуле со Никола Бојовиќ, додека не бил убиен братот на Лука.
За блискоста на Милорадовиќ со семејството Бојовиќ најдобро говори фотографијата на која тој со Раде Ракоњец и Филип Кораќ го носи ковчегот на убиениот Никола Бојовиќ. За ова говорат и сликите од истрагата по убиството на Милорадовиќ, каде неговата невенчана сопруга ја тешеа Анѓелка и Марија Бојовиќ, мајката и сестрата на Лука Бојовиќ. Сликата на Милорадовиќ на неговиот погреб ја носеше сестрата на „Земунецот“, а на погребот присуствуваше и вујкото на Лука – златарот Небојша Бојовиќ.
Владимир Поповиќ (2018)
Владимир Поповиќ, познат како Влада Поп, е убиен во престрелка во кафуле на Звездара на крајот на ноември 2018 година. Имал богато полициско досие, а според оперативните информации бил близок соработник на Лука Бојовиќ, Филип Кораќ и на Шкаљарскиот клан.
Иако ликвидацијата се уште не е расчистена, поврзаноста на Поповиќ со подземјето и полициското досие велат дека тој со години бил во криминални води. Поповиќ го поседувал казиното „Хавана“, кое било познато по тоа што е место за средба на Шкаљарците. На тоа место коцкарница имал и Слободан Шарановиќ, кој бил ликвидирано во декември 2016 година.
Синиша Милиќ (2018)
Синиша Милиќ Бошко, десната рака на Филип Кораќ и близок соработник на Лука Бојовиќ, е убиен во јуни 2018 година кај Автокоманда кога експлодираше бомба под неговиот автомобил. Милиќ е поранешен припадник на Специјалните антитерористички единици (САЈ), кој подоцна работел како обезбедување. Тој го чуваше Филип Кориќ, близок соработник на Лука Бојовиќ.
Миша Огњановиќ (2018)
Адвокатот од Белград, Драгослав Миша Огњановиќ, е убиен на 28 јули 2018 година, пред зградата во која живеел во Нов Белград додека се движел кон својот стан во друштво на својот син Петар. Пред судот бранеше многу „Шкаљарци“ и членови на кланот на Лука Бојовиќ, а во последните години од животот најмногу го застапуваше самиот Бојовиќ и членовите на неговото семејство. Токму овие случаи, според податоците до кои дојде истрагата, го чинеа живот.