КРВАВО УБИСТВО – Страшно злосторство ја ‘потресе’ Албанија: Деверот си ја убил снаата додека спиела со нејзината 2-годишна ќерка

Страшно злосторство ја потресе соседна Албанија, кога рано утрото во саботата 40-годишниот Роланд Синани пукал од пиштол и ја убил својата снаа Мигена Синани, мајка на две деца, додека таа спиела во својата соба, а потоа тој самиот се застрелал во дворот од семејната куќа, пишуваат албанските медиуми.

Албанската полиција на неколку метри од настанот, каде човекот претходно се застрелал самиот, го пронашла оружјето со кое било извршено убиството, што предизвикало одредени сомнежи кај полицајците.

Подоцна било утврдено дека таткото на Роланд, стар и склеротичен човек, кога синот се застрелал, отишол кај него, му го зел пиштолот од рака и по неколку метри го фрлил.

Инаку, пред убиството мајката на Роланд го пресретнала со пиштол во рака и го замолила да го остави оружјето, а потоа отишла во собата и се подготвувала да легне кога ги слушнала истрелите. Слушнала крик и отишла во собата на својата снаа каде го пронашла девојчето односно внуката како плаче покрај нејзината мртва мајка.

Како што пишуваат соседните медиуми, инцидентот се случил утрото околу 04:00 часот и 30 минути во станот на семејството Синани. Според информациите, сторителот отишол во собата во која спиеле сопругата на неговиот брат и 2-годишната внука и ја застрелал со пиштол. Тотоа излегол во дворот и се самоубил.

Во меѓувреме, неговиот брат не бил дома туку на работа бидејќи работел како таксист.

Албанијасмртубиство