КРВАВ БОЖИЌ ВО ФРАНЦИЈА – Објавени грозоморни детали за злосторството во близина на Париз: Човек си ја убил сопругата и четирите деца, меѓу кои и 10-месечно бебе

Полицијата во Франција уапси маж осомничен за убиство на сопругата и четирите деца во напад со нож утрото на Божиќ, соопшти јавниот обвинител, а пренесуваат тамошните медиуми.

Нивните тела се пронајдени во понеделникот вечерта во крвав стан во градот Мо, 40 километри североисточно од Париз.

Локалниот обвинител Жан Батист Бладиер изјавил дека мајката и двете ќерки биле толку многу избодени со нож што било невозможно да се утврди бројот на повредите. Двајцата помали сина се чини дека починале од задушување или давење.

Полицијата го уапсила 33-годишниот татко на децата во понеделникот вечерта во блискиот град и обвинителот отворил истрага за убиствата.

Децата биле на возраст од девет месеци до 10 години. Соседите им кажале на инспекторите дека слушнале врисоци во раните утрински часови на Божиќ. Алармот бил вклучен подоцна во текот на денот откако не добиле никаков одговор од семејството.

Мажот имал историја на ментална болест, пренесуваат француските медиуми. Тој веќе еднаш ја нападнал сопругата со нож во 2019 година. Сопругата не поднела обвинение, а случајот потоа бил отфрлен поради неговото ментално здравје.

Инспекторите пронашле медицински досиеја и рецепти за антидепресиви во станот на семејството.

МосемејствоубиствоФранција