Унгарската полиција уапси жена (40) под сомнение дека го прободела нејзиниот син (18) во градите за време на прославата на неговото полнолетство.
Сè се случило на 7 март во Абони, на 18. роденден на момчето, а на грозоморниот обид за убиство му претходела расправија. Според локалните медиуми, тинејџерот го прославувал роденденот дома и во еден момент се скарал со мајка си.
Сè се случило во дневната соба, пред полн поглед на таткото кој кога видел дека работите излегуваат од контрола, скокнал и се обидел да ги раздели сопругата и синот. За жал, не успеа во тоа. Жената грабнала голем кујнски нож и го пикнала сечилото во градите на нејзиниот син.
Момчето со тешки повреди било пренесено во болница.
Полицијата соопшти дека мајката е осомничена за убиство во обид. За време на испрашувањето, таа призна дека го избодела нејзиниот син, но тврдеше дека тоа го направила во самоодбрана, бидејќи тој претходно ја удрил неколку пати.