КРВОЛОЧНАТА ЅВЕРКА ГО ЗГРАБЧИ РОТВАЈЛЕРОТ од 75 килограми, кога видоа што прави со него “останаа без зборови”: Камерата сними се – ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Имено, надзорната камера снимила како очигледно гладната лавица среде ноќ прескокнува висока ограда и влегува во дворот од куќата.

Сопствениците сфатиле дека нивниот ротвајлер тежок 75 килограми го нема во дворот. Кога ги погледнале снимките од безбедносните камери останале без зборови.

Имено, надзорната камера снимила како очигледно гладна лавица среде ноќ прескокнува висока ограда и влегува во дворот од куќата.

Очигледно го нашла ротвајлерот како спие штом така лесно го совладала.

Следно што се гледа е како излегува од дворот носејќи го несреќното животно во вилиците.

– Сè траеше помалку од 10 минути. Истрчала во дворот и го грабнала, изјавиле сопствениците на кучето целосно шокирани од она што го виделе.

Како што изјавиле за локалните медиуми, ротвајлерот бил нивен миленик две години и неговата ужасна смрт длабоко ги вознемирила, пренесува Lakalle Blue Radio.

Инаку, овој имот се наоѓа во близина на национален парк, кој е преполн со диви животни, но досега не се случило тие да излезат надвор во потрага по храна. Ова видео предизвика тревога кај локалното население, а семејството во чиј двор се случи немилиот настан ги зголеми безбедносните мерки.