Најпознатата старлета на Балканот, Србинката Станија Добројевиќ ја покажа својата мајка, а многумина коментираат дека сега е јасно на кому старлетата е толку убава и згодна.
Станија Добројевиќ последните неколку месеци ги помина уживајќи во патувањата низ Србија и светот, а друштво и правеа членовите на семејството со кои е многу блиска.
За време на престојот во Копаник, старлетата во неколку наврати го покажа своето завидно тело, а покрај напорните тренинзи и здравата исхрана, нејзиниот изглед дефинитивно се должи и на генетиката. Нејзината мајка Славица стана вистинска сензација откако отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм. На нејзиниот профил најчесто има фотографии со ќерката и синот, но и неколку фотографии на кои покажа како знае да ужива.
Славица Добројевиќ има 59 години и може да се пофали со одлична фигура. Мајката на Станија на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии во костим за капење и го покажа своето убаво тело.