КРВТА НЕ Е ВОДА! Легендарниот актер ја пронајде својата изгубена ќерка по 52 години: “Се ми беше јасно кога ја видов…“

Легендарниот британски актер Дејвид Џејсон (83 г.) откри голема вест. Ѕвездата има 52-годишна ќерка Аби Харис, за која до неодамна тој не знаеше ништо. Сега, како што изјави тој за медиумите, се поврзал со Аби, која го има 10-годишниот син Чарли, а со тоа воедно тој станал и дедо.

Актерот имал кратка врска со мајката на АбиЏенифер Хил. Кога Харис, која и самата е актерка, дознала за нивната врска, помислила дека Дејвид Џејсон би можел да и биде татко, особено затоа што нивните носови се „многу слични по формата“. Таа била убедена дека тој е нејзиниот татко се до смртта на Џефри Дејвион, кој беше мажен за нејзината мајка.

Неописливо е колку беше ова изненадување за мене“, изјавил Дејвид Џејсон за The Mirror и додал: „Воодушевен сум што можев да се сретнам со Аби и што се запознавме. Мојата сопруга Гил и ќерката Софи ме поддржуваат во се. Покажаа големо разбирање, ги прегрнаа Аби и нејзиниот син. Сега станавме поголемо семејство“.

Дејвид Џејсон е во врска со Гил (62 г.) од 2001 година, кога ја добија ќерката Софи, а се венчаа во 2005 година. Тој немаше деца со својата прва сопруга Мајфанви Талог, со која беше во брак 18 години и која почина од рак во 1995 година.

Аби и Чарли го посетуваат своето ново семејство, а сега е откриено дека дел од минатиот Божиќ го поминале со Џејсон во неговиот дом во Елесборо, „играјќи игри“, дедото и внукот правеле модели на ракети во неговата работилница.

Дејвид е мирен и ги прифати работите такви какви што се“, изјавил неименуван семеен пријател за The Mirror и додал: „Сите се свесни дека заедничкото време што го изгубија е невозможно да се надомести, а сите се тажни поради тоа. Но, сега сакаат да направат се што можат за да го искористат она што останува пред нив“.

Аби ХарисДејвид Џејсонсемејство