– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нападите на руска територија се вршат со топови и проектили произведени во западните земји.
Говорејќи пред новинарите во главниот град Москва, Песков одговараше на прашања за нападите на украинската Армија врз градот Белгород.
„Тоа беше можно затоа што администрацијата на Киев не се двоумеше да гаѓа цивилни цели, а не воени елементи и да употреби касетна муниција во нападот врз центарот на градот. Во центарот на градот нема воени елементи. Се разбира, нашата армија ќе продолжи со напорите да се минимизира, а потоа целосно да се елиминира оваа опасност. Поради оваа причина, специјалната воена операција продолжува“, рече тој.
Порпаролот Песков посочи дека нападите врз руската територија се вршат со оружје произведено во западните земји.
„Нападите на нашата територија, на цивилните елементи и на центарот на градот Белгород пред Нова година беа извршени со топови и проектили произведени во Германија, Франција, Италија, Соединетите Американски Држави и други земји. Не смееме да го заборавиме тоа“, рече Песков.