Москва гледа дека сите непоколебливи „темели се рушат под нозете на претставниците на колективниот Запад“, рече портпаролот на Кремљ.
Кремљ во неделата тврдеше дека западните земји водат војна против Русија на „сите фронтови“.
„Во поширока смисла, има војна. Против нас има војна на сите фронтови: било да е тоа економија, меѓудржавни односи, имотни односи“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за рускиот телевизиски канал „Россија-1“.
Песков тврдеше дека противниците на Москва посегнуваат по работи кои претходно се сметаа за свети, додавајќи дека и покрај тоа, Русија гледа дека сите непоколебливи „темели се рушат под нозете на претставниците на колективниот Запад.
„Треба да останеме фокусирани и силни и да го правиме … она што најдобро одговара на нашите интереси, да бидеме строги, но отворени за она што би можело да ни помогне јасно да ги пренесеме нашите грижи и што сметаме дека е неприфатливо за нас, против што ќе се бориме“.
Тој рече дека целите на руската „специјална воена операција“ против Украина не се променети и дека тие „мора да се постигнат“.