Секторот за внатрешни работи Струмица заедно со УЈП Генерална дирекција – Скопје по извршена надворешна вонредна контрола на финансиското работење на правно лице за 2021 и 2022 година, констатирле дека правното лице како даночен обврзник и управителот на правното лице сториле кривично дело „даночно затајување“ казниво по чл. 279 ст. 1 од Кривичниот Законик.
Финансискиот криминал претставува сериозна закана за економската стабилност и благосостојбата на нашето општество.
Непоколебливи сме во борбата против финансискиот криминал која е од клучно значење за заштита на правата на граѓаните и обезбедување на фер и транспарентни економски услови.
Одговорноста е на сите нас – од државните институции, преку приватниот сектор, до самите граѓани – да работиме заедно во спречувањето и откривањето на овие незаконски активности.