МВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Перличев“ Охрид поради постоење сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Тој, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на Управниот совет на институцијата, без редовна покана и со прекршување на прописот за службени патни трошоци, отпатувал во странство и притоа нанел штета на буџетот на институцијата во износ од 46.520 денари“, велат од МВР Охрид.