Кривична пријава за Запарим Бајрами, осомничен дека го оштетил буџетот на Лотарија за 24.636.045 денари

Финансиската полиција соопштува дека поднела кривична пријава против Запарим Бајрами, поранешниот директор на Ј.А. за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Северна Македонија“.

Според соопштението, тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и службените овластувања. Според Финансиската полиција тој е осомничен дека го оштетил буџетот на Лотарија за 24.636.045 денари.

„На 05.07.2023 година склучи договор за закуп на административно деловен објект со правното лице „ХЕЈ ДПТУ“ Скопје за деловни објекти кои не беа адаптирани и не беа подготвени за употреба за потребите на АД. „Државна лотарија“, со цена за квадрат што е најмалку двојно поголема од реалната пазарна цена“, додаваат од Финансиската полиција.

Потсетуваме дека по Запарим Бајрами МВР распиша меѓународна потерница, откако Судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, додека е недостапен за властите во државата.