Кривична пријава за стружанец за кражба на струја вредна четири илјади евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правното лице – хотелскиот објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на правното лице поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на струја, парно или плин“.

„На 17.01.2025 година при увид било констатирано дека во угостителскиот објект бил поставен уред кој манипулирал со струјомерот и со тоа не ја прикажувал вистинската потрошувачка на електрична енергија.

На овој начин, ЕВН Груп Македонија е оштетена за 260.045 денари“, се вели во полициското соопштение.