Министерството за внатрешни работи соопштува дека е поднесена кривична пријава против 34-годишен стружанец поради сомнение дека фалсификувал диплома.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(34) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.
На 04.06.2024 година, при претрес во станот на пријавениот, пронајдени и одземени се лажни дипломи и компјутер со досиеја за изработка на лажни дипломи“, велат од Министерството за внатрешни работи.