Одделот за борба против организиран криминал и тежок криминал при МВР поднесе кривична пријава против Л.Б.(37) поради сомнение дека учествувал во паравоени или параполициски формации.
Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ се пријавиле на отворен конкурс за учество во руската армија за месечен надомест од 3000 евра. По обезбедувањето патна виза, двајцата заминаа за Русија, каде на 23.09.2024 година потпишаа договор со Министерството за внатрешни работи на Народна Република Доњецк да служат во нивните воени, паравоени и параполициски единици, добивајќи улога во воениот конфликт меѓу Руската Федерација и Украина.
На 09.12.2024 година, извршен е претрес во неговиот стан, при што се пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети. Судија на претходна постапка на осомничениот му одреди мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
Последните податоци на руското Министерство за надворешни работи, објавени во март годинава, покажуваат дека 90 државјани на Северна Македонија се пријавени да се борат на украинската страна, од кои 30 се осомничени дека се веќе убиени.
Според табелата што ја објави руското Министерство, најмногу платеници има од Полска (2960). Загинаа 1497. Што се однесува до Европа, има голем број платеници од Велика Британија, Романија и Хрватска.