Кривична пријава доби правно лице од Неготино, вадел песок од река по истекот на дозвола, информираа попладнево од СВР Велес. Притоа наведоа дека отсекот за економски криминал при СВР Велес поднел кривична пријава против правно лице од Неготино и против К.Г.(53) од Велес, одговорно лице од Водостопанство за контрола на работењето на правното лице.
Како што соопштија оттаму, кривичната пријава е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
– На 17.10.2023, полициски службеници од Отсекот за економски криминал извршиле контрола во правното лице во Неготино, кое врши ископ на песок, при што било констатирано несовесно работење од К.Г., односно по истекот на важноста на дозволата за вршење на ископ на 05.10.2023 и без никакво одобрување или дозвола од Министерството за животна средина, правното лице продолжило со активноста на ископ на песок на речното корито во Неготино, на место наречено „Илкова лака“, соопштија од СВР Велес.