Германската модна куќа ,,Рубсамен” со седиште во Аугсбург неодамна прогласи банкрот.
Вработените во некои продавници веќе се отпуштени. Модната куќа има 13 продавници во Фридберг, Ајхах, Фирстенфелдбрук, Валхајм, Мурнау, Ландсберг, Дахау и Шробенхаузен.
Првата продавница е отворена во Аугсбург во далечната 1900 година.
Германските медиуми јавуваат дека стечајниот процес за три компании од групацијата ,,Рубсамен” е отворен на 28 септември.
– Можеби има решение во рамки на стечајниот план, односно договор со доверителите. Поради процесот на инвеститори кој започна во последните недели, очекуваме да добиеме и обврзувачки одговори од оние инвеститори кои изразиле сериозен интерес за инвестирање или преземање на компанијата во текот на октомври – соопшти менаџментот.
Компанијата го намалува својот продажен простор, а во исто време ги проширува услугите и консултантски услуги. Вкупно вработува околу 140 лица, а досега 10 се отпуштени.
Кризата веќе затвори многу модни куќи во Германија. Неодамна модната компанија Peek & Cloppenburg од Дизелдорф поднесе барање за стечај и отпушти голем број работници.
Непосредно пред тоа, познатиот моден бренд ,,Медлин” поднесе барање за стечај и по 40 години работа се соочува со банкрот.
Компанијата ,,Гери Вебер” соопшти дека затвора 122 филијали низ Германија.