Кристијано Роналдо реши да го помине летниот одмор со семејството. На луксузна јахта тој уживаше во друштво на својата избраничка Џорџина Родригез и своите деца.
Кристијано Роналдо имаше турбулентна сезона. Спорот со Манчестер Јунајтед и тренерот Ерик Тен Хаг доведе до негово заминување во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Наср. Со Португалија учествуваше и на Светското првенство во Катар.
Кристијано Роналдо летува на Сардинија, а се чини дека многу му се допаѓа одморот со семејството. Уживале во сончањето на јахтата, а Кристијано дури возел скутер.
На социјалните мрежи се коментира изгледот на убавата Џорџина и сите го коментираат нејзиното извајано тело, без целулит.
Покрај Кристијан и Џорџина, папараците ги фатија и нивните деца – Кристијан јуниор (12), близнаците Ева и Матео (по пет години) и најмладата ќерка Бела (13 месеци).