Кристин Дејвис открива како се обиделе да ја наместат со Метју Пери: „Бев воодушевена“

Актерката Кристин Дејвис, позната по улогата на Шарлот во култната серија „Сексот и градот“, се потсети на средбата со покојниот актер Метју Пери, ѕвездата од серијата „Пријатели“, во новата епизода од нејзиниот подкаст „Дали си Шарлот?“.Како што рекла таа, двајцата се запознале на забава во Холивуд, каде, како што вели, некој се обидел да ги „намести“.

„Се сеќавам дека дојдов на вечера каде што имаше луѓе од индустријата. Не се сеќавам точно кој беше таму, освен еден адвокат и Метју“, рече Дејвис.

Таа додаде дека Пери седнал до неа и веднаш почнал да зборува за тоа колку ја сака својата работа и колку биле среќни тој и екипата на снимањето на „Пријатели“.

„Бев воодушевена. Си помислив: „Вау, навистина е среќен“. Во тоа време глумев во серијата „Мелроуз Плејс“, каде што атмосферата не беше ни приближно толку позитивна. Беше напнато, многу стрес и конкуренција меѓу актерите“, откри таа.

Иако изгледаше весел и исполнет, Пери со години се бореше со зависност од алкохол и дрога. Почина во октомври 2023 година на 54-годишна возраст. Официјалната причина за смртта беше акутна предозираност со кетамин, со дополнителни фактори како давење, срцеви заболувања и присуство на бупренорфин, лек што се користи во третманот на зависност.