Кристијано Роналдо влезе во Гинисовата книга на рекорди!

Фудбалската репрезентација на Португалија се пласираше во полуфиналето на Лигата на нации откако по продолженијата ја совлада Данска со 5:2, додека во регуларното време беше резултат 3:2.

Беше многу интересен натпревар, а стрелци беа уште еднаш 40-годишниот Кристијано Роналдо , кој доби награда за влез во Гинисовата книга на рекорди пред натпреварот.

Имено, Роналдо доби признание за 132 победи во репрезентативниот дрес, што е најмногу во историјата на фудбалот.

Сепак, и покрај тоа што ја доби наградата, Кристијано имаше слаб почеток на реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации, промашувајќи пенал во седмата минута. За негова среќа, но и за целиот тим, Португалија успеа да се пласира понатаму и во полуфиналето ќе игра против Германија, додека другата двојка се Шпанија и Франција.

Полуфиналните натпревари се закажани за 4 и 5 јуни.