Договорот на Кристијано Роналдо со Саудиска Ал Наср истекува на крајот од сезоната, а Португалецот сè уште размислува кој ќе биде следниот чекор во неговата кариера.
Роналдо иако има 40 години сè уште е на пазарот, многу клубови би сакале да го видат во своите редови, а на негова адреса пристигнуваат различни понуди.
Сепак, познатиот сајт „Гол“ пренесува дека Роналдо добил официјална, но крајно бизарна понуда од Молдавија!
Локалниот клуб Дачија Бујучани испрати официјална покана до легендарниот Португалец, но во која не се вклучени многу пари, туку разни други „обесштетувања“.
На Роналдо му беше понудено да биде директор на Академијата, амбасадор, тренер на млади селекции…
Ова стана популарно на интернет, а обожавателите веќе почнаа да се шегуваат.
Што мислите, кој е следниот чекор за Роналдо?