Кристијано Роналдо предизвикува немири во Ал-Наср: Поради Португалецот, извршниот директор доби отказ, следи чистка!

Ненадејното отпуштање на извршниот директор на саудискиот клуб Ал Наср донесе дополнителна нестабилност во клубот, а моменталната ситуација би можела да влијае и на потенцијалното заминување на Кристијано Роналдо.

Моментално во клубот од Ријад владее нестабилна атмосфера. Откако не ги исполни очекувањата во сезоната, имаше значајни промени во организацијата. Поранешниот извршен директор објави преку социјалната мрежа „X“ дека е отпуштен.

 Денес бев отпуштен на начин што го сметам за непрофесионален, несоодветен и неприфатлив. Затоа ќе биде покрената судска постапка меѓу мене и раководството на клубот – наведе тој во соопштението.

Ваквиот прекин на соработката укажува на сериозни внатрешни несогласувања во Ал Наср. Клубот се обидува да се движи во нова насока, што е особено поддржано од Кристијано Роналдо, кој е подготвен да го продолжи договорот – кој истекува на 30 јуни – доколку има конкретни промени. Разрешувањето на директорот се толкува како прв чекор кон реформите што Португалецот ги смета за неопходни за враќање на клубот на врвот.

Во меѓувреме, Роналдо, кој наводно одлучил да остане во Саудиска Арабија по Лигата на нации, продолжува да биде во центарот на вниманието кога станува збор за неговите планови за блиска иднина.