Кристијан Бејл не престанува да шокира со трансформации за улоги, многумина не го препознаа

Британскиот актер Кристијан Бејл повторно ги изненади фановите со нова трансформација за улогата.

Имено, на социјалните мрежи се појавија фотографии од снимањето на биографскиот филм „Маден“ во Атланта, во кој Бејл играше една од главните улоги.

Со подолга кафеава коса, сиви бакенбарди и кратка брада, Бејл изгледаше непрепознатливо додека го играше поранешниот сопственик на Оукленд Рејдерс, Ал Дејвис.

Носеше авијатичарски очила за сонце, црна кожна јакна, црни панталони, црни чевли и неколку парчиња златен и сребрен накит. Неговиот изглед беше толку убедлив што многумина се прашуваа дали тој навистина е познатиот актер.

„Кристијан Бејл изгледа неверојатно“, „Трансформацијата на Кристијан Бејл за улоги е на посебно ниво“, „Ова ќе биде добар филм“, „Тоа е Кристијан Бејл? Не можам да го препознаам“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Заедно со Бејл, во филмот глуми и Николас Кејџ, а многумина беа изненадени од неговата трансформација за улогата на американскиот тренер Џон Маден.

Според синопсисот на филмот објавен од Амазон, станува збор за биографска драма во режија на Дејвид О. Расел, која го следи извонредното патување на Џон Маден од партнерството со Ал Дејвис и Рејдерсите до создавањето на „Маден НФЛ“ и станувањето еден од најзначајните гласови во историјата на фудбалот.

Покрај Бејл и Кејџ, во филмот ќе глумат и Џон Мулејни како основачот на „Електроник Артс“, Трип Хокинс, Кетрин Хан како Вирџинија Маден и Сиена Милер како Керол Дејвис. Премиерата на филмот е закажана следната година.

За потсетување, Бејл е можеби еден од најекстремните актери кога станува збор за трансформација на своето тело за улоги. Тој ослабел и се здебелувал за филмови, но трансформацијата што најмногу ја импресионирала публиката е неговото слабеење од 10 килограми за „Машинистот“, филм за човек кој се бори со несоница.

За да ослабе, Бејл пиел црно кафе и јадел конзерва туна со јаболко секој ден. Иако ова екстремно слабеење било успешно, не е изненадување што нешто вакво може да предизвика здравствени проблеми.

Исто така, пред неколку години глумеше во филмот „Тор: Љубов и гром“, кога многумина не го препознаа во улогата на застрашувачки негативец.