Кристијан Голубовиќ не остава ништо на случајноста, а ангажирал приватно обезбедување кое е со него 24 часа.
Тоа го поткрепуваат и фотографиите направени од српскиот портал Курир.
Имено, жестокото момче кое неодамна доби второ дете со Кристина Спалевиќ го сликаа како се шета низ трговски центар во главниот град, додека цело време го набљудуваше непознат маж за јавноста.
Поранешниот учесник во реалното шоу им оддаде почит на сите фанови и се фотографираше со неколкумина, а потоа отиде во менувачница да размени пари. Обезбедувањето цело време беше со него.
Да потсетиме, Кристијан Голубовиќ е еден од најшокантните реалити ТВ учесници на сите времиња, а неговото учество во реалити програми е исклучително следено, па соодветно на тоа, Голубовиќ има многу следбеници и обожаватели низ целиот регион, но и потреба да ангажира маж кој ќе го чува.