Проблемот овде не е воен, туку всушност политички“, вели Хил во интервју за Танјуг
Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека повлекувањето на војниците од административната линија и апсењето на Милан Радоичиќ се добар чекор и дека во интерес на Вашингтон е да се најде политичко решение за ситуацијата на Косово и Метохија.
„Нема сомнеж дека имаше повлекување на помал дел од војниците и дека во таа смисла работите се движат во добра насока. Можам да кажам и дека имаме потврда за намалениот број војници. Проблемот овде не е воен, туку всушност политички“, рече Хил во интервју за Танјуг .
Тој додаде дека зголеменото присуство на војници долж административната линија со Косово и Метохија предизвикува загриженост и дека САД побарале од српското раководство да ги повлече војниците.