🇲🇰💚 Гордост за Крушево!
Нашиот мал град со големо срце влезе во престижната листа Топ 100 зелени дестинации во светот за 2025 година!
Ова признание од Монпелје, Франција е потврда дека Крушево се движи по вистинскиот пат – развој на туризмот кој ја чува природата, ја почитува историјата и носи нова енергија за иднината. 🌱
Оваа награда не е само за општината – таа е за сите вас што верувате, вложувате и ја сакате оваа наша убавина. 🙌
Крушево може да биде пример за целиот свет.
💚 Крушево – зелено, одржливо и секогаш инспиративно!
Благодарност до Швајцарските програми ИМЕ и СИППО за постојаната поддршка и долгогодишната соработка.