Ова е прв пат во осум ипол години од водењето на барот да бара некој да го напушти кафулето.
Сопственикот на кафуле во Австралија, Адријан Далост, се најде на удар на јавноста откако од своето место избрка семејство со две мали деца.
Мајката, Лора Едвардс, зборуваше за инцидентот во видео на социјалните мрежи, поради што многумина застанаа на нејзина страна, а за целиот инцидент проговори и г-дин Далост.
„Тоа не беше бес или лом. Само требаше да му се помогне на моето дете да се справи со сопствените емоции во тој момент“, објави Едвардс на нејзиниот Фејсбук по инцидентот.
По различните реакции на социјалните мрежи, Далост ја бранеше својата одлука, објаснувајќи дека ова е прв пат по осум и пол години од водењето на локалот да бара некој да го напушти кафулето.
Деца од две и три се налутија затоа што нивните родители им рекле дека мора да делат сладолед. Постарото дете почнало да ги вади украсите од дрвото и да фрла работи на подот, меѓу кои имало и челично шише. Изненаден сум што плочките не пукнаа. Тоа траеше добри 15 минути, а потоа интервенирав и ги замолив да си одат“, рече тој.
И потоа додаде:
„Интервенирав само затоа што децата го уништуваа просторот и ги вознемируваа другите гости.
На крајот луѓето застанаа на негова страна
Најпрвин семејството одбивало да го напушти кафулето, па Адријан им рекол дека доколку останат, ќе повика полиција.
Откако ја претстави својата страна на приказната, многумина сепак застанаа на негова страна.
„Браво за сопственикот, јас би го направил истото. Негова должност е да се погрижи на сите гости да им биде удобно коментира еден родител.