Куглофот е класика меѓу колачите, а неговата препознатлива форма потекнува од Европа. Некогаш бил симбол на богатство и славење, а денес сите го сакаат поради неговата едноставна подготовка и способноста да се комбинираат различни состојки.
Куглофот не е само вкусен, туку и хранлив, поради што го сакаат сите возрасти. Сувото грозје е природен извор на влакна и антиоксиданси, што го прави овој десерт уште поздрав избор.
Состојки
- 100 гр брашно
- 100 гр гриз
- 4 јајца
- 150 гр шеќер
- 0,2 l млеко
- ½ чаша масло
- 2 јаболка
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка прашок за пециво
- 100 суво грозје
- 2 лажици путер
Подготовка
Јајцата се матат додека не се запенат со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете масло, млеко, гриз, брашно и прашок за пециво и сè заедно измешајте. Излупете ги јаболката, изрендајте ги и додадете ги во смесата, заедно со сувото грозје. Калапот намачкајте го со путер, посипете го со брашно и истурете ја подготвената смеса.
Се пече во рерна на 180 степени околу 45 минути. Кога куглофот е готов, посипете го со шеќер во прав, изладете и послужете.