Кузеска: Со ВМРО-ДПМНЕ Скопје е пред банкрот

Главниот град, Скопје е пред банкрот.

Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ создаде хаос.

Во јавноста веќе има информации дека Град Скопје е со блокирана сметка, поради заостанати долгови.

Мицкоски, Арсовска, ВМРО ДПМНЕ, најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, Скопје, го доведоа до банкрот.

Досега вакво нешто се нема случено.

Но, секогаш кога оваа партија ќе дојде до власт и во допир со парите на граѓаните, на Скопје му се случува катастрофа.

Празната каса на Град Скопје значи и помалку пари за јавните претпријатија што и сега не функционираа како што треба.

Јавниот превоз е во колапс, вработените во ЈСП веќе еднаш штрајкуваа, протест имаше и во ЈП Комунална Хигиена, а катастрофална е ситуацијата и во „Водовод и канализација“ во Градски Паркинг и останатите претпријатија и установи под надлежност на Град Скопје.

При доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска наследија полна каса, со активни 13 милиони евра на сметка, со годишен буџет од над 100 милиони евра.

Парите се потрошени а не изградија ништо.

Логично е прашањето каде завршија парите на скопјани, парите на граѓаните?

Над 100 милиони евра.

Како може да нема ниту еден, повторувам ниту еден реализиран проект а градот да биде без пари?

Сè брцале раце во медот? Расипнички се трошело?

Почитувани,

Скопје, скопјани, очекуваат одговори.

Затоа Светничката група на СДСМ и коалицијата ќе побара свикување на итна седница на Советот со единствена точка на дневен ред расправа за актуелната финансиска состојба во Градот.

Од Арсовска, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ќе побараме одговори и образложенија. 

Каде и за што се потрошени парите на граѓаните и кои решенија ги имаат за надминување на проблемот што го создадоа.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ