Се уште е свеж скандалот со фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин е веќе пукна нов скандал.
Погледнете ја оваа фотографија.
Христијан Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога.
Акцијата на полицијата е од 3-ти декември а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра.
Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето?
Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски.
Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин.
Радикали и извршители на грозни злосторства како Палевски, ете тоа се луѓето кои се блиски до ДПМНЕ и Мицкоки.
А Мицкоски се среќавал со Палевски. И молчи со денови за тоа што разговарале .
Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е.
Прашање е дали Мицкоски е претседател на политичка партија или на некоја подземна организација?
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ