Во подкастот „Зрак“ со д-р Марина, потпретседателката на здружението „Хема Онко“, Милица Кузмановска, сподели дека најчестиот проблем со кој се соочуваат жените што се јавуваат во здружението е потребата од психолошка поддршка.
„Има многу проблеми, но најчестиот проблем кога ќе се јават жените е психолошката поддршка. А да не зборуваме за пациентите со рак – ракот не е само на лицето со дијагноза, туку е на целото семејство. Сите се засегнати од дијагнозата со ракот,“ истакна Кузмановска.