Кузмановски има скинати лигаменти на десното стапало

 – Македонскиот ракометен репрезентативец и член на германски Вецлар, Филип Кузмановски има скинати лигаменти на десното стапало.

Информацијата за сериозноста на повредата на Кузмановски, денес стигна од неговиот клуб.

Не е познато колку време ќе биде потребно за санирање на повредата и рехабилитација на македонскиот бек, но сигурно тој неколку месеци ќе биде надвор од терените.

Кузмановски повредата ја доби во неделата на натпреварот со Турција.