Старлетата Нада Ѓукиќ Блонди проговорила за тоа како купила диплома, а се започнало кога кумот и рекол дека е многу паметна бидејќи брзо типува на компјутер.
Блонди во емисијата „Опаснице“ на телевизија „Хепи“ пред камерите призна дека купила диплома за менаџмент, а и помогнал „кум кој е многу силен и кој повеќе не е меѓу живите“. Ова видео деновиве повторно се појави на социјалните мрежи и повторно започна дискусија за тоа како јавните личности завршуваат факултет.
– Тоа го направив со помош на еден од моите кумови, кој е многу силен човек и кој, за жал, повеќе не е меѓу нас. Ми рече: „Многу си интелигентна, многу брзо ги броиш работите, гледам како пишуваш на телефон, се правиш многу брзо на компјутер“. Му кажав дека немам желба и волја да учам, а некои други работи ми се поважни. Добро, можам да седнам да научам нешто и тоа е тоа, но факултетот во тоа време не ми беше приоритет. И тогаш се договорив со него, тој го заврши, јас добив диплома и така завршив факултет – изјавила таа пред неколку години во емисијата „Опаснице“.
– Нема да кажам на кој факултет завршив менаџмент. Битно ми е дипломата дома, утре знам дека нема да работам, затоа што не сум работна девојка, никогаш во животот не сум работела и свесна сум за тоа. Секогаш имав се, никогаш ништо не ми недостасуваше. Таа диплома е дома поради моите родители затоа што дојдов овде да се образувам, а не да станам јавна личност. Сега, ако ме прашате мене, немам поим што завршив – рекла таа.