Кара Томпсон (29) од Нешвил мислела дека имала среќа кога нејзиниот сопруг Мајлс (30), кој води компанија за отстранување ѓубре , донел дома користен зелен кадифен тросед со елегантен изглед.
По некое време, парот решил да ја истражи вредноста на користениот кауч и дошле до сознание што ги шокирало. Кара го сподели своето искуство на социјалните мрежи, предупредувајќи ги луѓето да размислат двапати и да направат малку истражување пред да донесат мебел од втора рака во својот дом.
„Мојот сопруг е сопственик на компанија за ѓубре, сопствениците на богата куќа му платиле да одземе неколку стари каучи и стол. Тоа беше прекрасна куќа вредна 2 милиони долари, а мебелот беше во совршена состојба“.
Кога го видел зелениот кауч веднаш решил да го донесе дома бидејќи бил идеален за детска соба. Децата беа воодушевени,
„Толку се возбудени, луди се од среќа, веќе ги ставија своите ќебиња и перници на креветот“.
Но, не помина долго пред работите да се сменат, возбудата кратко траеше. Во еден момент сопругот со неверување притрчал кон сопругата и и’ рекол дека мора веднаш да го извадат креветот од детската соба. Кара беше воодушевена, првично мислеше дека каучот е преполн со играчки или нешто слично, но вистината беше поинаква.
Имено, Мајлс случајно видел лого од страната на каучот што покажувало дека се работи за секс мебел .
„Во каучот има скриена преграда, како и држачи за појас. Му кажав на маж ми дека мораме веднаш да го изнесеме надвор. Бев шокирана! Секогаш го чистиме и проверуваме мебелот пред да го внесеме во куќата, но логото беше на страна и не го видовме“, рече таа.
Кара истакнува дека не се чувствувала удобно и дека ниту таа ниту нејзиниот сопруг не сакале да чуваат нешто наменето за таква намена во детската соба.
,,Сè уште не сме решиле што да правиме, засега е во гостинската соба. Им кажавме на децата дека ќе им купиме друг кревет, но дека овој не можат да го користат“.