Купил oрмар за 200 евра, а потоа открил скриена фиока: Внатре имало вистинско богатство, останал без зборови од шок!

Мауро Бенцони , жител на италијанскиот град Крема, купил дрвен плакар од втора рака преку интернет во 2024 година и платил 200 евра за него.

Една година стоел во неговата куќа на село, сè додека не решил да го исчисти и да го подготви за употреба, објавува „Кориере дела сера“.

Скриено богатство

Тогаш Бенцони го открил скриеното двојно дно, во кое пронашол поштенски штедни обврзници од почетокот на 1990-тите.

Вкупната вредност на хартијата во тоа време била 18 милиони италијански лири, што со пресметана камата денес изнесува речиси 190.000 евра!

Сепак, поради законските правила, обврзниците можат да ги наплатат само легитимни сопственици, што го натера Бенцони да ангажира адвокати и да поднесе полициска пријава.

„Иако можев да ги задржам, знаев дека не е во ред“, рече 45-годишниот Бенцони. „Го пријавив случајот кај властите и сега ги барам вистинските сопственици или нивните наследници“.

Повик до сите наследници

Документите се на име на Карло и Франческа Де Мартино, родени на почетокот на 20 век, кои веројатно починале, па затоа потрагата по наследници е во тек низ цела Ломбардија .

Тие имаат еднакви права на враќање на парите, а законот предвидува дека пронаоѓачот има право на 10% од вредноста како награда.

Обврзниците ќе станат застарени – и практично безвредни – по 2032 година, па затоа Бенцони ги повика сите што мислат дека претставуваат наследници да го контактираат него или полицијата.