По сите проби и планирања, церемонијата на крунисувањето на новиот британски монарх ќе биде можност целиот свет да биде сведок на спектакуларен историски настан. Во центарот на сè ќе биде кралот Чарлс III , кон кого ќе бидат насочени очите на целата планета.
Последен пат присуствуваше на крунисувањето како дете, во 1953 година, на церемонијата на устоличување на неговата мајка, покојната кралица Елизабета. Покрај Чарлс денеска ќе биде и Камила, Сопружникот на кралицата, која наскоро ќе се вика кралица Камила.
Од Бакингемската палата до Вестминстерската опатија се оддалечени само 30 минути возење, но денес двајцата го завршуваат патувањето кое траело со децении.
Самата церемонија започнува денеска во 12:00 часот по средноевропско време, кога кралот и кралицата ќе бидат официјално крунисани. Планирана е голема поворка до и од Вестминстерската опатија, како и појавување на кралското семејство на балконот на Бакингемската палата.
На церемонијата ќе има и воен спектакл каков што не е виден во Британија во последните 70 години, а на кој ќе присуствуваат седум илјади војници. Во поворката за крунисување долга една милја ќе има 19 воени бендови.