– Нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград може да се направи преку заемно признавање, изјави косовскиот премиер Албин Курти на Вториот економски форум во Скопје.
-Нормализација на односите може да се направи преку заемно признавање. Ова беше кажано од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шулц, дека заемното признавање е суштината и централната точка на целосната нормализацијата на односите, а ние се обидуваме и работиме напорно да го имаме како основ предлогот на ЕУ кој што ни беше претставен и на мене и на претседателот на Србија. Ние го прифативме текстот на тој предлог, му дадовме поддршка во двата главни града како и во Брисел, рече Курти.
Во однос на најавата на шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел следниот состанок на високо ниво за дијалог за нормализација на односите да се одржи во Скопје, Курти рече дека веруваа оти ваквиот избор на Борел е затоа што Скопје е најголемииот град најблиску до Приштина, но и затоа што се работи за голем импакт врз целиот регион од страна на земјава. Северна Македонија, додаде тој, е земја која напредува во однос на демократијата, правото и европската интеграција, а во 1999 година во Куманово е потпишан и Кумановскиот договор, по кој следеше влезот на НАТО на Косово. Според него, овие симболични елемнети придонеле за Борел следната средба за дијалогот да ја закаже токму во Скопје.
Прашан за геополитиката и импактот на руската агресија во Украина врз регионот, оцени дека таа е резултат на империјалистичките амбиции на Путин и додека во Украина, се води вистинска војна и агресија, во другите земји вели, имаме хрибридна војна која бара да ги дестабилизира регионите, да го наруши териоторијалниот интегритет и во исто време да ја прошири хегемонијата на Кремљ. Консеквенците од таа војна во нашите земји, се вели, многуслојни, при тоа укажа на инфалацијата и високите цени на енегријата како дирекна последица на руската агресија.
-Мирот во Украина значи мир и безбедност за целиот континент и за тој мир треба да има и победа на борбата за национално ослободување од руската агресија, оцени Курти.
Во однос на тоа дали од разговорите меѓу Белград и Пришина, граѓаните можат да очекуваат промени во однос на приближувањето кон ЕУ, како и за Берлинскиот процес, чиј силен поборник е, Курти изрази уверување дека со потпишувањето на трите договори во Берлин, минатата година на 3 ноември под претседавањето на канцеларот Шолц, Берлинскиот процес како да доби нов почеток во однос на спроведувањето на неговиот дух.
-Со овие три договори сите граѓани на шесте земји од ЗБ ќе ги преминуваат границите со лична карта. Се гледа и можност да се поврзат граѓаните на Пришитина и Сараево, што не беше случај порано. Двата други договори – едниот е за признвање на дипломите од виското образование, а другиот за стручните квалификации за доктори, стоматолози, архитекти, биснисите, студентите. Верувам дека овие три договори се основата на тоа што се нарекува заеднички регионален пазар. Јас на тоа гледам како на одлична платформа за да се постигне еден модел на ЦЕФТА
– Договор за слободна трговија на јужна Европа, договор кој не е замена за членството во ЕУ, туку како подготвителна фаза, смета Курти.
Тој рече дека Владата ги усвоила овие три закони и сите три се ратификувани во Собранието, а Приштина е прва која тоа го направила од земјите во регионот.
-Со нетрпение го очекуваме нивното спроведување што ќе биде за доброто на сите граѓани. Ова е конкретен пример како ЕУ работи за доброто на регионот и на сите граѓани, смета косовскиот премиер.
Во однос на подобрување на инфраструктрата и надминување на потешкотиите на граничниот премин Хани Елезит – Јажинце, кој годишно го преминуваат околу 4,2 милони граѓани, истакна дека за тоа како и за можноста за поставување заеднички контролен пункт разговарал на средбата со премиерот Димитар Ковачевски,
– Што се однесува до заедничкиот контролен пункт и граничниот премин кој ќе ги поврзе Призрен и Тетово, потребен е нов тунел. Тоа треба да го направиме што е можно поскоро од страна на Косово, но исто така подготвени сме и да ги доделиме поотребните средства за овие големи инфраструктурни проекти, рече Курти и најави иницијатива која ја усогласиле со Ковачевски за одржување бизнис форум.