– Косовскиот премиер Албин Курти на годишнината од убиството на поранешниот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ изјави дека тоа е цената што тој ја плати поради неговите прозападни и прореформски ставови.
Во објава на платформата „Х“ по повод 21-та годишнина од атентатот врз Ѓинѓиќ, Курти напиша дека во Србија „заканите по живот на оние кои ја предизвикуваат авторитарната влас и натаму продолжуваат“
– На денешен ден пред 21 година беше убиен Зоран Ѓинѓиќ. Тоа е цената што ја плати за прозападниот, прореформски став кој вклучуваше заминување на (поранешниот српски претседател, Слободан) Милошевиќ во Хаг. Заканите по животите на оние кои ја предизвикуваат авторитарната влас и натаму продолжуваат, напиша Курти.