Косовскиот премиер Албин Курти изјави за Радио ТВ Косово дека самоуправувањето за српската заедница ќе се заснова на косовскиот устав и не значи самоуправа или автономија.
Курти рече дека мисли дека изнаоѓањето на соодветно ниво на самоуправување ќе биде од корист за целата српска заедница без да се загрози правниот и уставниот поредок на Косово.
„Самоуправувањето не е самоуправување, не е автономија“, рече тој, додавајќи дека договорот не ги наведува општините со српско мнозинство. „Кога велите самоуправа на српската заедница, всушност го имате рамковниот договор за заштита на националните малцинства како инструмент“, додаде тој.
Курти, исто така, тврди дека српските власти рекле дека нема да се придржуваат до договорот и анексот за спроведување. Тој рече дека има индиции дека договорот е прекршен од Србија и оти очекува Европската унија и САД да го осудат, како што рече, деструктивното однесување на Србија.
Косовскиот премиер рече дека односите Белград-Приштина не можат да се нормализираат без да се позанимаваат со злосторствата извршени за време на војната и други прашања како што се исчезнатите лица.