Хана Стокинг , познатата американска комичарка која на Инстаграм ја следат нешто повеќе од 26 милиони луѓе, девојка која се прослави со скечеви на социјалните мрежи Вајн и Јутјуб, пред некој ден остана во градник и гаќички, кучето и го собече фустанот и продолжи кон сопственикот.
Видеото деновиве стана хит на сите социјални мрежи, особено на TikTok каде веќе собра 20 милиони прегледи, а луѓето го испратија со рафали од смеа и покрај тоа што најверојатно се работи за скеч.
Во секој случај, мораме да признаеме дека кучето одлично се снајде, без разлика дали навистина беше платен актер со бисквити или палав.